октомври 6, 2024

Мозочниот удар е една од водечките причини за смрт, а се појавува кога ќе прекине дотокот на крв во мозокот, што вообичаено може да биде предизвикано од пукање на крвните артерии или создавање грутки.

 

 

 

 

Еден од бројните фактори којшто може да го зголеми ризикот од мозочен удар, а на кој можеме да влијаеме е исхраната.

 

Поради тоа доктор од општа пракса Џонатан Зеилингер, открил кои намирници треба да ги избегнуваме за да го намалиме ризикот од мозочен удар.

 

„Заситени и трансмасти се клучни виновници и вклучуваат намирници како преработено месо како колбаси и хамбургери, путер, бисквити и пржена храна“, истакнал Зеилингер.

 

Меѓутоа, тоа не се единствените намирници кои треба да ги избегнувате. Имено, тој истакнува дека зголемениот крвен притисок исто така може да доведе до мозочен удар, па добро е да избегнувате внесување на многу сол, а најголема концентрација на сол има во чипсот и сувомесните производи.

 

Покрај тоа, наведува дека големото внесување на шеќер исто така е еден од клучните фактори за мозочен удар, а тоа е така поради поврзаноста со дебелината и дијабетесот, којшто предизвикува и воспаление на артериите.

 

Зеилингер препорачува да се зголеми внесот на овошје и зеленчук. Наведува дека сè повеќе студии покажуваат дека поголемото консумирање на овие намирници доведува до намалување на стапката на мозочни удари. Се верува дека овошјето и зеленчукот го намалуваат крвниот притисок, а содржат и бројни антиоксиданти кои помагаат во заштита на артериите.

 

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK