октомври 6, 2024

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне, приоритет го постави во летниот преоден рок да го доведе стоперот на Реал Сосиедад, Робин Ле Норман.

Ле Норман имаше одлична сезона во Сан Себастијан и не е изненадување што постои интерес за него.

Во Атлетико би можел да го замени Стефан Савиќ, кој по девет години ќе го напушти Мадрид, најверојатно во Бешикташ.

Во неговиот договор со Сосиедад има откупна клаузула од 50.000.000 евра, која челниците на Атлетико се обидуваат да ја намалат, за да ги исполнат желбите на својот тренер.

Ле Норман ќе биде дел од шпанската репрезентација на претстојното Европско првенство, па веројатно ќе се знае повеќе за потенцијалниот трансфер во Атлетико по шампионатот во Германија.

The post Чоло најде замена за Савиќ во Сан Себастијан, но проблем е огромното обештетување appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK