октомври 6, 2024



Македонскиот лешник е квалитетен и постои голем потенцијал да стане извозна култура, беше истакнато на денешната конференција за лешникари што се одржува во Скопје.

Бошко Нелкоски, еден од организаторите на конференцијата, вели дека од досегашното искуство со извоз на лешник во Швајцарија, може да се забележи дека земјата е класифицирана во А класа добавувачи.

Нашиот лешник е доста квалитетен. Во доста ставки е поквалитетен и од турскиот лешник, вели Нелкоски.

На швајцарскиот пазар, како што посочи, се откупуваат околу четиристотини до петстотини тони органски лешник.

Во овој момент сме подготвени да извозиме органски лешник по нивниот квалитет, околу десетина до дваесет тони. Бараме да можеме да извозиме барем половина од тој потенцијал и да станеме партнер на оваа швајцарска компанија, а Македонија да стане препознаена како производител на лешник на територија на Европа, што е многу значајно, нагласи Нелкоски.

Миланка Фијамин, претставничка на швајцарската фирма „Халба“ вели дека се заинтересирани да купуваат македонски лешници за швајцарскиот пазар.

Во последните неколку години сме многу активни со нашиот партнер Бошко Нелкоски и со неговата фирма, со желба да го поттикнеме производството на лешници и извозот на органски лешник за швајцарскиот пазар, изјави Фијамин која посочи дека во моментот е тешко да се говори за минимална откупна цена.

Дополнителен заменик – министер за земјоделство, шумарство и водостопанство во техничката влада Цветан Трипуновски во изјава за медиуми рече дека стојат на располагање за да се олесни пласманот на македонскиот лешник на европскиот пазар.

Како идна влада, стоиме на располагање. На оваа конференција ќе стане збор и за новиот закон за органско производство што е во фаза на припрема. Едноставно, да ги слушнеме двете страни, сѐ со цел да донесеме закон што ќе биде применлив, што ќе има ефект и ќе значи дополнително квалитетно земјоделско производство на лешник во Република Македонија, рече Трипуновски.

Очекува на конференцијата да стане збор и за тоа како македонскиот лешник да стане поконкурентен на европскиот пазар, како и да се слушне што бараат купувачите од странство, за да се усогласат двете страни.

Извор

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK