октомври 6, 2024

„Урбан Фм фестивал“ ќе се одржи денеска на отворено, пред стадионот во Градскиот парк во Скопје, на познатата „Вембли точка“. Ќе почне од 17 часот и ќе трае до полноќ, информираат организаторите.

Како што е најавено, целата програма ќе биде емитувана во живо на радиската фреквенција 90.8 на „Урбан Фм“.

– До големата сцена ќе биде поставено мобилно радиско студио, каде тимот на „Урбан Фм“ ќе ја емитува својата програма во живо, за сите да имаат можност да уживаат во фестивалската магија како на лице место, така и на нашата радиска фреквенција, се појаснува во соопштението.

Според најавата, сцената ќе биде промоција на млади и талентирани артисти од нашата држава.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK