октомври 6, 2024

Штаерска ја зафати силно невреме пропратено со грмежи, поради што надлежните служби беа принудени да евакуираат педесетина загрозени лица.
За само неколку минути надојдената река Босебах се излеа од коритото, што предизвика поплавување на центарот на Дојчфајстриц, пишува весникот „Прес“.

Водената стихија ги однела автомобилите, а според сведочењето на пожарникарите, неколку лица биле спасени од критична ситуација.
Во Нојдау, дом за стари лица со 40 жители мораше да биде евакуиран, пишува „Кронен цајтунг“.
Алармите за цивилна одбрана беа активирани во Дојчфајстриц, Егерсдорф, Вајницен и во Норд-Андриц во близина на Грац, со најтешко погодените области околу Грац и делови од југоисточна Штаерска.
Неколку избирачки места за изборите за Европскиот парламент биле или недостапни или целосно уништени поради силното невреме, а локалните медиуми јавуваат дека станува збор за избирачки места во Дојчфирстриц и неколку други во областа Хартберг-Фирстенфелд.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK