октомври 6, 2024

Британската кралица Камила проговори за здравјето на својот сопруг, кралот Чарлс Трети, кому претходно оваа година му беше дијагностициран рак. Таа откри и што ја лути.

Кралицата Камила присуствуваше на настан за промовирање на читањето во палатата Хемптон Корт во саботата. Таа во оваа пригода проговори за својот сопруг, британскиот крал Чарлс, пренесува „Н1“.

Таа во разговор со познатиот писател Ли Чајлд рекла дека кралот е добро, но дека не мирува и дека не ги следи советите. Писателот одговорил дека, според него, кралот се однесува како типичен маж, пренесува „Скај њуз“.

75-годишниот крал неодамна им се врати на кралските должности откога Бакингемската палата на почетокот на февруари објави дека му бил дијагностициран рак додека бил на третман за зголемена простата. Тие не открија детали за видот на ракот или фазата на болеста.

Инаку, оваа година е многу тешка за британското кралско семејство. Не само кралот има здравствени проблеми, туку и принцезата од Велс, идната кралица, на која исто така ѝ беше дијагностициран рак по операција на абдоменот.

The post Британската кралица за здравјето на сопругот: Добро е, но не ги следи советите appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK