октомври 6, 2024

По сообраќајна несреќа во Орегон, куче истрчало речиси 4 милји до кампот за да го извести семејството на неговиот сопственик дека му е потребна помош, а властите велат дека Брајан Гарет бил спасен поради храброста на животното.

Гарет излетал од патот во провалија, а во возилото биле неговите четири кучиња, пренесува Гардијан.

Тој ја преживеал несреќата, а едно од неговите кучиња истрчало речиси 6,5 километри низ дивината за да стигне до семејството на неговиот сопственик.

Семејството брзо почнало да го бара Гарет и на крајот го забележало неговиот автомобил, по што повикале спасувачи.

Со преостанатите три кучиња, кои исто така ја преживеале несреќата, Гарет бил пронајден во близина на местото на несреќата, по што со хеликоптер бил префрлен на преглед во блиската болница.

The post Куче истрчало 6,5 километри за да го спаси својот сопственик по сообраќајна несреќа appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK