октомври 6, 2024

Во 2023 година во Македонија имало 58 правни субјекти кои се занимавале со коцкање и обложување, а приходот кој го направиле бил 800 милиони евра. Толку пари оставиле граѓаните во коцкарници и обложувалници.

Компаниите кои се занимаваат со оваа дејност, имале чиста добивка од 70,4 милиони евра, покажува анализата на порталот „Пари“.

Компаниите со дејност обложување и игри на среќа имаат 7.745 вработени и со тоа го полнат државниот буџет од придонеси и даноци.

На прво место по приход е ПРО БЕТИНГ. Оваа компанија веќе со години е на првото место. Ланскиот приход и бил 194,5 милиони евра и е дури 33 проценти поголем отколку во 2022 година.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK