декември 27, 2024

Тетовската полиција соопшти дека уапсиле наставник кој малтретирал ученик во основното училиште „Абдил Фрашери“ во селото Боговиње.

-На 08.06.2024 година во 20.30 часот, припадници на Полициското одделение Камењане во тетовско Боговиње го лишиле лицето С.А. (42) по претходна пријава од лицето А.А.(45) од истото село, дека на 05.06.2024 година во училишниот двор во селото, физички го нападнал неговиот малолетен син. Истиот е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе се следи соодветен поднесок, велат од СВР Тетово.

Дел од медиумите на албански јазик објавија и снимка од моментот на насилство врз ученикот.

По тој повод се огласи и министерот за образование, Јетон Шаќири и најостро го осуди однесувањето на наставникот кон ученикот.

-Лично ќе учествувам во процесот на мониторинг и инспекција преку надлежните институции во надлежност на Министерството за образование и наука и ќе бараме одговорност, како и максимална можна казна.

Апелирам наставниците да користат наставни мерки поставени со правила и закон кога е потребно, но во никој случај не е дозволена мерка наречена насилство. Исто така сакам да апелирам и до родителите да бидат партнери во образовниот процес, како што се директорите, стручната служба и наставниците, објавил Шаќири на социјалните мрежи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK