јуни 18, 2024




Селекцијата на Англија доживеа изненадувачки пораз на „Вембли“ од Исланд (0:1), на само една недела пред почетокот на континенталниот шампионат во Германија, настан што го разбуди сомнежот кај навивачите на Островот.

Според тренерот на „Гордиот Албион“, Герет Саутгејт, Англичаните немале оправдување за тој пораз. Бидејќи Европското првенство почнува за неколку дена, многу работи во тимот треба да се подобрат, а слично мислење има и капитенот на репрезентацијата – Хари Кејн.

– Ваквите порази можат да бидат повик за будење за сите нас. Мораме да разбереме дека нема да биде толку лесно како што мислат луѓето. Имаме многу работа да завршиме, понекогаш треба да се разбудите. Има многу елементи што треба да ги поправиме, особено во пресингот. Натпреварите во групната фаза ќе бидат слични на овој против Исланд. Ќе мораме добро да се браниме, особено во однос на долгите топки. Треба да бидеме трпеливи во нападот, рече Кејн.

Напаѓачот на Баерн Минхен потсети на последното Европско, каде Англичаните загубија од Италија на пенали.

-Тоа беше лошо, но во фудбалот секогаш имаш подеми и падови. Поминаа речиси две години од последното натпреварување, мораме да заборавиме на тоа и да бидеме возбудени за новиот турнир, заклучи Кејн.

Да потсетиме, Англија ќе го отвори ЕП 2024 со дуелот против Србија на 16 јуни, додека во групата „Ц“ ќе игра уште со Данска и Словенија.

– Реклама –

<!–/*
* The backup image section of this tag has been generated for use on a
* non-SSL page. If this tag is to be placed on an SSL page, change the
* 'http://ads.365.mk/www/delivery/…'
* to
* 'https://ads.365.mk/www/delivery/…'
*
* This noscript section of this tag only shows image banners. There
* is no width or height in these banners, so if you want these tags to
* allocate space for the ad before it shows, you will need to add this
* information to the tag.
*
* If you do not want to deal with the intricities of the noscript
* section, delete the tag (from … to ). On
* average, the noscript tag is called from less than 1% of internet
* users.
*/–>

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK