октомври 7, 2024

Германскиот канцелар Олаф Шолц изрази внимателен оптимизам во врска со мировната конференција за Украина што ќе се одржи во Швајцарија кон крајот на овој месец.

-Ќе разговараме за принципите за праведен и траен мир таму. Ова сè уште не се преговори за крај на војната, бидејќи за тоа [рускиот претседател Владимир] Путин треба да покаже дека е подготвен да ја прекине својата брутална кампања и да ги повлече војниците, рече Шолц денеска на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Берлин.

Тој додаде дека „можеби може да се најде начин да се започне процес во кој Русија еден ден ќе седне на масата“.

Германија, посочи тој, ќе остане цврсто на страната на Украинците.

-Сè додека Путин продолжува да ги следи своите воени цели, „нашата порака затоа ќе биде дека нема да се откажеме од нашата поддршка за Украина, рече Шолц. (МИА)

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK