октомври 7, 2024

Оливер Спасовски, пратеник и координатор на пратеничката група на СДСМ во Собранието во интервју за Слободен Печат ги истакна ветувањата и најавите на ВМРО-ДПМНЕ во предизборниот период и ги спореди со сегашната состојба.

„Македонската јавност имаше најава дека ќе се намалат министерствата, ние сега имаме зголемување плус четири министерства, сметајќи дека тоа е заради ефикасност. Имате барање дајте ни 61 пратеник, не сакаме да зависиме од албанските политички субјекти, сакаме да имаме македонско национално единство – со 58 ги имате истите работи: не е Таљат Џафери, туку Африм Гаши, претседател на Собрание, тоа што најмногу им сметаше на ВМРО-ДПМНЕ и се случи 27 април на кој ќе нѐ убиеа во Собрание. Имате ветување дека никако нема да соработуваме со ДУИ, нема да преговараме со ДУИ, ДУИ мора во опозиција и еве го демантот на втора седница на Собрание, повторно договарање со ДУИ. Се’ она што критикуваа изминатиот период, сега го прават”, рече Спасовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK