октомври 7, 2024

Кошаркарите на Црвена звезда и Партизан следната сезона ќе играат во Евролигата, веќе нема дилема.

Останува само да биде официјално потврдено.

Двата српски клуба платиле по еден милион евра за учество во следната сезона од елитното натпреварување, пренесува шпански „Енцестандо“.

Покрај црвено-црно-белите, оваа сума ја плати и Монако, кој исто така нема постојана лиценца.

Да потсетиме, за самото учество се плаќаат 750 илјади евра, а дополнителни 250 илјади одат за трошоците на судењето.

Според овој извор, оваа сума не ја платиле Валенсија и Виртус, а како што стојат работите, една од тие две екипи нема да биде дел од Евролигата следната сезона.

The post Звезда и Партизан веќе платија по 1.000.000 евра, нема повеќе препреки?! appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK