октомври 7, 2024

Пејачката Ријана објави дека почнува со работа од нула на својот деветти албум, кој фановите го нарекоа „R9“, но таа одлука воопшто не им се допадна на фановите, пишува „New York Post“.

„Музиката е ново откритие за мене. Повторно откривам работи. Толку долго работев на албум што ги оставив сите овие работи настрана. Сега сум подготвена да се вратам во студио”, изјави пејачоката на промоцијата на нејзината нова линија за нега на коса, Fenty Hair.

Иако на албумот почнува од нула, Ријана изјави дека нема да ги запостави песните кои ги има досега. Пејачката го објави својот последен албум во 2016 година, а иако многу фанови долго време го чекаа нејзиното ново издание, изјавата на Ријана налути многу нејзини фанови.

Штотуку сфатив дека сакам да се шегувам за R9 уште од средно училиште, сега сум на факултет. Ријана каде е албумот????

„Таа штотуку почнува да работи на албумот?“, „Ми се гади од нејзините лаги“, „, „Девојко, само признај дека нема R9 и завршивте со музиката затоа што моето срце не може повеќе“, се само дел од коментарите на фановите на X.

Ријана претходно најави дека албумот ќе излезе во 2023 година, но тоа не се случи. Наместо на R9, пејачката беше фокусирана на нејзиниот бизнис со Fenty, кој и носи милијарди долари, и нејзините две деца.

The post Ријана најави нов албум и ги разбесни фановите: „Ми се гади од твоите лаги“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK