октомври 7, 2024

Хаосот во градскиот јавен превоз во Скопје никако да се среди, но по се изгледа моменталната ситуација е полоша од било кога.

Граѓаните кои ги анкетираше екипата на 24Инфо велат дека автобус на ЈСП понекогаш се чека дури 30 до 40 минути, а иако поретко, понекогаш се случува истиот и воопшто да не дојде.

Повеќето од нив се револтирани и велат ситуацијата е катастрофална. Релациите се долги, а автобуси има се помалку, па тие се приморани долг период да чекаат на автобуските станици дури и на овие пеколни температури од 40 степени.

Некои велат имаат слободна, па кога ќе видат дека автобус нема се качуваат и прекачуваат во повеќе автобуси за да стигнат дома, додека други пак истакнаа дека се случува да чекаат и до час и половина, но сепак се задоволни од превозот затоа што го има.

Анкетата погледнете ја во продолжение:

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK