октомври 7, 2024

Легендарниот Лео Меси (36) полека ја привршува својата неверојатна кариера, која како што стојат работите ќе заврши во клубот во кој моментално настапува, Интер од Мајами.

Лео ја одработува втората сезона во клубот од Флорида со кој има договор до крајот на 2025 година.

Тој моментално се наоѓа во кампот на репрезентацијата на Аргентина, поточно во Мајами, со кој се подготвува за претстојната Копа Америка која ќе се одржи на американско тло. Тоа ќе биде негово рекордно седмо учество на континенталниот шампионат.

Но, она што денеска привлече најголемо внимание од таборот на „гаучосите“ е неговата изјава дадена за аргентинскиот ЕСПН, чии новинари го посетија кампот на репрезентацијата.

Меси во разговорот со нив меѓу другото откри во кој клуб ќе ја заврши кариерата.

„Не сум подготвен да го напуштам фудбалот, го играм цел живот… Малку се плашам дека сето тоа ќе заврши… Денеска мислам дека Интер Мајами ќе биде мојот последен клуб“, откри Меси.

Lionel Messi opens up about his future in football

(via @ESPNArgentina) pic.twitter.com/BJOmdl6Gd8

— ESPN FC (@ESPNFC) June 12, 2024

За многумина, најдобриот играч во историјата на фудбалот ја напушти Европа по освојувањето на Светското првенство во Катар, од ПСЖ, и му се приклучи на МЛС Мајами, клуб во сопственост на славниот Англичанец Дејвид Бекам.

Таму му се придружија неговите поранешни соиграчи од Барселона, Жорди Алба, Серхио Бускетс и Луис Суарез, со кои се дружат и играат фудбал со полесно темпо.

Мајами минатата сезона не се прослави, дури не се пласираше во плеј-офот, но оваа година е многу подобар и моментално е лидер на својата конференција по 18 кола.

Голема заслуга за тој резултат има Меси, кој на 12 натпревари забележа 12 гола и 12 асистенции.

The post Меси откри во кој клуб ќе ја заврши кариерата appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK