октомври 7, 2024

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пристигна во ненајавена претходна посета на Саудиска Арабија, јавија француските медиуми.

Саудиските медиуми објавија дека авионот на Зеленски слетал во градот Џеда на Црвеното Море, каде што го пречекале претставници на саудиските власти, вклучително и советникот за национална безбедност и амбасадорот на земјата во Киев.

Саудиска Арабија се обидува да одржи неутралност во војната меѓу Русија и Украина, настојувајќи да се позиционира како можен посредник меѓу двете страни во конфликтот.

Зеленски последен пат беше во Саудиска Арабија во февруари оваа година, кога разговараше со влијателниот престолонаследник Мохамед бин Салман за мировен план и можна размена на воени заробеници.

Украинскиот претседател утре се очекува во Италија каде ќе учествува на самитот на Г-7. Белата куќа денеска објави дека Зеленски и неговиот американски колега Џо Бајден ќе потпишат нов билатерален договор во областа на безбедноста.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK