октомври 7, 2024

Во спротивност на меѓународното право е да се почитува билатерален договор кој е склучен во спротивност со членовите 46, 48, 49, 53, 61 и 64 од Виенската конвенција за договорно право од 23 мај 1969 година, затоа што го суспендира веќе апсолвираното универзално неотуѓиво, неприкосновено и неотстапно право на самоопределување и самоидентификација на Македонскиот народ за сопствена Македонска држава под името Македонија!

Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година истовремено е склучена во спротивност и со одредбите од домашното право и уставно-правниот поредок на државата Македонија!

Обврска е на надлежните – претседателот, премиерот или министерот за надворешни работи на државата итно и безусловно да објави еднострано раскинување на Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година, а не да декларира нејзино натамошно почитување.

И почитувањето на билатерален договор во спротивност на меѓународното право е кривично дело, затоа што ја суспендира слободно изразената волја на народот односно граѓаните на референдум чија одлука е задолжителна за сите без исклучок!
Неприфатлив и неодговорен е односот на ЕУ и НАТО, чии челници инсистираат државата Македонија да ги почитува одредбите од Спогодбата Димитров-Коѕиас од 17 јуни 2018 година и натаму да го крши меѓународното право!

Посебно имајќи предвид дека, на референдумот одржан на 30 септември 2018 година, речиси две третини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, НЕ ГЛАСАА “за членство во ЕУ и НАТО” и “не го прифатија Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција” од 17 јуни 2018 година за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ – името, јазикот, културата и историјата!

Имајќи предвид дека, и на референдумот одржан на 8 септември 1991 година, речиси четири петини од вкупниот број запишани избирачи, Македонци по род и државјанство, ГЛАСАА ЗА “суверена и самостојна држава Македонија”, без додавки и без придавки на името Македонија, одлуката на референдумот е задолжителна за сите без исклучок!

Пишува: Тодор Петров

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK