Дигиталната револуција во плаќањата, која особено се засили за време на пандемијата на ковид-19 како во светски рамки, така и во нашата земја, придонесе за сѐ позачестена употреба на дигиталните решенија за плаќање, коишто се најсоодветни за нивното едноставно, достапно, сигурно и технолошки современо (паметно) извршување.
И во третиот квартал на 2022 година, граѓаните сѐ повеќе ги користат платежните картички од домашните издавачи за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до годишен раст кај вредноста и кај бројот на остварените трансакции од 14,9% и 8,5%, соодветно. Годишниот раст на бројот на плаќањата во трговијата, кој произлегува пред сѐ од повисокиот годишен раст на бројот на плаќањата со платежни картички на виртуелните (интернет) места на продажба (10,1%), иако послаб, продолжува и во третиот квартал од 2022 година, а продолжува и годишниот раст на бројот на плаќањата на физичките места на продажба (8,3%).
Кај плаќањата на граѓаните со кредитни трансфери во истиот период е забележан годишен пад на бројот на плаќања за 8,6%, при раст на вредноста од 5,6%. Притоа, постепената промена на навиките на граѓаните при вршење на плаќањата во земјата со цел користење на придобивките од електронското банкарство е видлива во начинот на вршење на кредитните трансфери, па така во третиот квартал од 2022 година е забележан годишен раст од 5,2% кај бројот на плаќањата извршени електронски, односно годишен пад на бројот на трансакциите извршени на шалтерите на банките (12,5%). За извршување на електронските плаќања најчесто се користат мобилните апликации со 54,7% или висок годишен раст од 19,6%, што повторно укажува на натамошно менување на платежните навики во прилог на користењето на поудобните дигитални канали за плаќање.
The post Дигитализацијата на платежните услуги продолжува и во третиот квартал од 2022 appeared first on 24 Инфо.
Следете не, не има насекаде