Португалскиот ас Кристијано Роналдо со насмеано лице пристигна во Саудиска Арабија каде денеска ќе биде претставен како нов фудбалер на Ал-Наср.
Роналдо со овој клуб потпиша договор до летото 2025 година, а се очекува за тој период да заработи близу 500 милиони евра, додека тамошните медиуми пишуваат дека на стадионот за неговото официјално претставување треба да има меѓу 25.000 и 30.000 навивачи.
Дополнително, додаваат дека цената на билетите за настанот на кој ќе биде промовиран Роналдо ќе чинат 4 долари, а речиси сигурно ќе биде исполнет до последното место и дека сите нетрпеливо го чекаат Роналдо да заигра во Саудиска Арабија.
Откако го пречекаа на аеродромот, Роналдо и неговото семејство беа сместени во луксузен хотел, а официјалната презентација треба да се одржи денеска меѓу 16 и 17 часот.
Се очекува Роналдо да дебитира дури на 14 јануари на дуелот против Ал-Шабаб.
Роналдо со саудискиот фудбалски гигант потпиша договор до летото 2025 година, а во Ријад ќе заработи вистинско богатство. Основната плата ќе му биде околу 70 милиони евра, но заедно со бонусите и спонзорските договори Португалецот ќе заработува 200 милиони евра годишно, или 500 милиони за целиот договор.
Следете не, не има насекаде