Јапонската влада нуди 1 милион јени (7.500 долари) по дете на семејствата кои ќе се иселуваат од главниот град Токио, со цел да ги преориентира жителите во ретко населените региони.
Властите во Јапонија ги засилуваат стимулациите за да ги намамат луѓето во помалите регионални области со мала, главно постара популација.
Стимулациите, кои се значително повисоки од минатогодишниот додаток за „преселување“, ќе бидат доделени во април, според извештаите на јапонските медиуми, како дел од официјалните напори да им се даде живот на градовите и селата кои се во опаѓање.
Иако населението во Токио се намали за прв пат минатата година – тренд кој делумно се припишува на пандемијата на коронавирус – властите веруваат дека треба да се направи повеќе за да се намали густината на населението во градот и да се охрабрат луѓето да започнат нови животи во делови од земјата погодени од стареењето, намалувањето на населението и миграција на помлади луѓе во Токио, Осака и други големи градови.
Исплатата – која ќе се движи од еден до три милиони јени во финансиска поддршка – ќе им биде понудена на семејствата кои живеат во 23 централни одделенија во Токио и соседните префектури Саитама, Чиба и Канагава.
За да ги добијат бенефициите, семејствата мора да се преселат надвор од пошироката област на Токио, додека некои би можеле да добијат пари ако се преселат во планински области во границите на градот, објави новинската агенција Кјодо, пренесува Гардијан.
Владата се надева дека околу десет илјади луѓе ќе се преселат од Токио во руралните области до 2027 година.
Следете не, не има насекаде