Проектилот експлодирал на само неколку метри од новинарот кој се јавил во емисија во живо, студиото останало без зборови…
За време на известувањето на францускиот новинар Пол Гасние во живо на програмата на француската телевизија од Украина, од градот Краматорск, проектил експлодирал на само неколку десетици метри од репортерскиот тим.
Експлозијата се случи во текот на ноќта на 2 јануари, додека новинарите ги покриваа последиците од последното руско бомбардирање на градови низ Украина. Застрашувачката експлозија ги натерала новинарот и неговите колеги Елоиз Грегоар и Тео Палфри да побегнат, но за среќа нема загинати или повредени.
Присутните во студиото во Франција биле шокирани, а новинарите подоцна коментирале што се случило. „Бевме изненадени“, потврди новинарот и продолжи. „Секогаш се слушаат експлозии, но вакво нешто никогаш не ни се случило“.
Погледнете го видеото:
Следете не, не има насекаде