Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен, телефонски разговарал со новиот министер за надворешни работи на Кина, Кин Ганг, се дознава од соопштението на Блинкен објавено на Твитер.
Во соопштението се вели дека било дискутирано за односите меѓу САД и Кина.
Кин Ганг, досегашен кинески амбасадор во САД, во петокот беше именуван за нов премиер на Кина.
-Разговаравме за односите меѓу САД и КНР, и одржување на отворени линии за комуникација, напиша Блинкен.
Со оваа функција, Кин Ганг, лице од доверба на претседателот Си Џинпинг, станува еден од највлијателните лидери на Кина.
Како што јави дописникот на МИА од Вашингтон, тој ги претставуваше интересите на Кина во САД релативно кратко време – 17 месеци, а во период кога односите на Вашингтон со Пекинг значително се влошија.
Следете не, не има насекаде