октомври 6, 2024

Планинарска спасителна служба вчера извлекла холандски турист со скршена нога од околината на село Елшани, а потоа бил предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид.

– Планинарска спасителна служба од 13.40 до 15.00 часот имала спасителна акција на територија на општина Охрид. Извршено е извлекување на повреден холандски турист од околината на село Елшани, кој имал скршеница на нога и е предаден на екипа од Итната медицинска помош од Охрид, соопшти денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Лицето е пренесено во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид на понатамошен третман.

Од ЦУК посетуваат дека сите итни случаи може да се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации. Истовремено, ЦУК информира дека е корисно да се следат препораките и информациите од медиумите за превенција, а и за реагирање при итни случаи.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK