октомври 6, 2024

Чикаго Булс и Оклахома Тандер договорија трејд во кој Џош Гиди се сели во Чикаго, а во спротивна насока ќе замине Алекс Карузо.

Карузо ќе биде додаток на веќе силната надворешна линија на Оклахома, тој беше желба на генералниот менаџер на франшизата Сем Прести, бидејќи со своето искуство може да придонесе Тандер да делува уште посериозно, во обид да се нападне првата позиција во Западната конференција. Минатата сезона Тандер завршија на второто место, а во плеј офвот беа елиминирани во конференциското полуфинале од Далас Маверикс.

Гиди, имаше одлична сезона во Оклахома се сели во тим каде што ќе добие уште повеќе простор да го покаже својот потенцијал, што значи дека тој ќе биде главната опција во нападот.

Булси го гледаат како совршена замена за повредениот Лонзо Бол, Се уште не е познато кога Бол би можел да се врати на терените.

The post Трејд на релација Чикаго-Оклахома, Карусо за Гиди appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK