ноември 24, 2024

Европската унија нема да биде целосна додека Западен Балкан не стане дел од нејзиното семејство, изјави денеска австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и повика на забрзување на процесот на проширување на ЕУ кон Западен Балкан.

Шаленберг на Европскиот форум Вахау во Австрија, пред врачувањето на наградата „Aлојз Moк“ на шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел, укажа на предизвиците со кои се соочува светот, но рече дека е неопходно и соочување и со долгогодишните предизвици во Европа, особено во регионот каде што „мораме да преминеме од разговор на конкретна акција“.

„Очигледно, мислам на Западен Балкан, кој за нас е културно, ментално и емоционално непосредно соседство. Нема сомнеж, и верувам дека се согласуваме околу тоа, дека Западен Балкан, овој регион, веќе е дел од европското семејство, дека припаѓа на ова европско семејство“, рече шефот на австриската дипломатија.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK