ноември 24, 2024

Кандидатката за претседател на СДСМ, Славјанка Петровска вчера пред членовите на ОО СДСМ Куманово ја презентираше својата програма пред претстојните вантрепартиски избори.

Пред присутните Петровска ги претстави клучните приоритети кои ќе придонесат за консолидирање на партијата и враќање на победничките патеки.

„Само силен СДСМ може да биде победнички СДСМ и затоа ќе воведам фер и праведен избор на кандидати за пратеници и советници. Изборот на кандидати ќе биде широк процес во кој ќе учествуваат сите членови на СДСМ, а не само одбрана група од централното раководство. Овој процес ќе овозможи вклучување, а не исклучување од одлучувањето на членовите на партијата, они кои секогаш го носат најголемиот товар во време на изборни кампањи и партиски активности“, порача Петровска.

Во разговор со присутните, Петровска порача дека како идна претседателка има намера да го слуша гласот на членовите затоа и превидува опција за референдумско изјаснување на членството односно секој член преку веб страницата на партијата да даде свое мислење за одредена политика, но најави и процес на ветинг за идните партиски функционери.

„Идните партиски функциониери мора да бидат избрани врз основа на критериуми за чесност, одговорност и посветеност. Затоа ќе предложам постапка за ветинг, проверка на кандидатите за членови на раководството“, посочи Петровска.

Петровска ги продолжува посетите на општинските организации и средбите со членовите на партијата пред изборите закажани за 30 јуни.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK