ноември 24, 2024

Претседателот на Демократското движење Изет Меџити, денеска на прес-конференција ги претстави предизвиците во следните четири години.

Меџити кажа дека нема да игра фудбал со министрите во својот кабинет.

„Цело време не обвинуваа дека немаме легитимитет. Денеска пред вас повторувам: ВЛЕН е победник на изборите во албанскиот политички табор. ВЛЕН е новиот политички фактор кој ги претставува Албанците со легитимитет, достоинство и одговорност. ВЛЕН е новата политичка структура која ќе биде носител на успешната институционална транзиција и ќе го направи секој Албанец горд да се идентификува со нас.

Уште пред да се формира владата, не нападна пропагандната машинерија на нашите политички ривали. Но, денес не сакам да се занимавам со нив. Веќе ме познавате. Јас не сум политичар со големи зборови. Но, го штитам дадениот збор и се борам да го исполнам до крај. Така, денес многу од моите ривали ќе се занимаваат со тоа што ќе правам како министер. Но, прво ќе ви кажам што нема да направам како министер:

Нема да играм фудбал со министрите во кабинетот! Нема да излегувам со куфер пред јавни институции! Нема да се занимавам со бизнисите на Лотарија и Соравиа!

Пред две недели со 80 гласа беше изгласана реформата на органите на државната управа. За оваа реформа гласаа и парламентарното мнозинство и опозицијата, а одговорноста за оваа промена ја носиме сите ние. Во наредниот период ќе има голема реформација и трансформација на министерствата. Но, додека формата ќе се менува, содржината – односно основните концепти – ќе остане иста: правата на Албанците ќе продолжат да се гарантираат и штитат со Уставот и Охридскиот договор. Балансерот со кој многу Македонци станаа Албанци за да се вработат ќе се замени со Законот за правична застапеност. Тоа ќе биде направено за правичната застапеност да стане законска обврска, а не да остане механизам за политичко пазарење како што беше досега. Овде сакам да разјаснам, и внимателно слушнете ме: Ниту еден Иван посебно не Иван Стоилковиќ, никогаш не може да ги примени фактите!

Во новиот кабинет ќе го водам Министерството за животна средина.

Во изминатите години нашето општество беше повеќе фокусирано на своите егзистенцијални аспекти. Од многу причини почнавме од нула. Но, во иднина, нашето внимание и ресурси дефинитивно мора да бидат насочени за нашите населби повеќе да не изгледаат како населби од третиот свет. Имаме обврска да работиме што повеќе да се доближиме до цивилизациските вредности на западните земји, грижејќи се за животната средина и амбиентот околу нас. Ние веруваме во оваа промена и ветуваме дека ќе ја оствариме“, изјави претседателот на Демократското Движење, Изет Меџити на денешната промотивна конференција на програмските столбови, како и новиот владин тим.“, рече Меџити.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK