Starlink сега е достапен во 100 земји, територии или други пазари ширум светот.

Сателитската услуга Starlink во сопственост на американскиот претприемач и милијардер Илон Маск сега е присутна во 100 земји во светот, бидејќи неодамна и се приклучи Сиера Леоне како стота земја, беше објавено на социјалната мрежа X (Твитер).

„Ова е стота земја, територија или друг пазар во светот каде што е присутен брзиот интернет на Starlink“, се наведува во соопштението.
Starlink објави и кратко видео на платформата X на кое се прикажува сопствената експанзија низ светот, а Маск ја сподели оваа објава со своите следбеници.

This marks the 100th country, territory or other market around the world where Starlink’s high-speed, low-latency internet is available pic.twitter.com/BiGHAmXgwv

— Starlink (@Starlink) June 11, 2024

Неодамна услугите на Starlink беа одобрени од Шри Ланка, а во мај Маск го лансираше овој систем во Индонезија и Фиџи.

Американскиот претприемач тврди дека за Starlink не е потребен долгорочен договор, туку дека може да се нарача „лесно и онлајн за две минути“, пренесува Economic Times.