ноември 23, 2024

Унгарскиот репрезентативец Барнабас Варга заработи страшна повреда на натпреварот на неговата репрезентација против Шкотска на Европското првенство во Германија.

По сударот со голманот на Шкотска, Ган, кој несакајќи со лакт го удри по главата, остана да лежи на теренот. Неколку минути му се укажуваше помош на теренот, потоа на носилки беше изнесен од стадионот.

Тој итно беше префрлен во болница, а по натпреварот во кој Унгарците победија со гол во десеттата минута од судиското надополнување, главна тема беше неговата состојба.

„Најважно е дека е добро, игравме за него последните 20 минути“, и соопшти добри вести на јавноста Роланд Шалаи.

После тоа тренерот Марко Роси откри повеќе детали.

„Варга има скршена јаболчница и наскоро ќе мора да оди на операција. Неговиот живот не е во опасност, но за него Европското првенство е завршено“.

Иако веќе има 29 години, напаѓачот на Ференцварош минатата година дебитираше за Унгарија. Тој веќе постигна седум гола, од кои четири во квалификациите за ЕП, а беше стрелец на единствениот гол за Унгарците во поразот од Швајцарија на стартот од континенталниот шампионат.

The post „Животот на Варга не е во опасност, но за него ЕП е завршено“ appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK