септември 8, 2024

Директорот на Алпин, Бруно Фамин, ќе го напушти тимот до крајот на август. Како што најавија од францускиот тим, во догледно време ќе биде назначен нов тимски директор.

Фамин ќе го води тимот на неделната трка за Големата награда на Белгија, по што ќе следи пауза во шампионатот во Формула 1, до трката во Холандија на 25 август.

Фамин ќе остане на чело на сите други мотоспорт тимови под капата на Групацијата Рено.

Во конкуренција на десет екипи, Алпин е на осмото место во Формула 1 шампионатот со девет бодови, откако Пјер Гасли освои шест, а Естебан Окон три бода.

Окон е единствениот возач кој победил за Алпин откако тимот го смени името на крајот на 2020 година. Тој беше најбрз во Унгарија во 2021 година.

Францускиот возач од следната сезона ќе вози за Хас, а Алпин се уште нема именувано нов возач.

The post Директорот на Алпин го напушти тимот appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK