септември 8, 2024

Претпладнево во Париз се дделени првите медали на 33. Летни олимписки игри. Две злата заминаа кај спортистите од Кина.

Хуанг Јутинг и Шенг Лихао го освоија првиот златен медал на Олимписките игри во Париз во дисциплината мешана екипа на 10 метри воздушна пушка во стрелачкиот центар Шаторуо. Во финалето тие беа подобри ос Кеум Џи-хјеон и Парк Ха-џун од Јужна Кореја.

Третото место им припадна на Александра Ле и Ислам Сатпајев од Казахстан. Во малтоо финале тие беа подбри од Германија.

Веднаш по Хуанг Јутинг и Шенг Лихао, вториот златен медал на Кина на овие Игри им го донесоа Јани Чанг-Џивен Чен.

Чанг и Чен победија во скокови во вода од височина од три метри. Кинеските победија со 337,68 поени.

Сребрениот медал го освои американското дуо Сара Бејкон-Касиди Кук со вкупен резултат од 314,64 поени. На третото скалило се искачија Јасмин Харпер и Скарлет Му Џенсен од Велика Британија со 302 поени.

The post Кина веќе освои два златни медали appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK