октомври 23, 2024

Високите температури во лето не се идеални за долги прошетки со вашето куче и ако мислевте дека прскањето со вода може да му помогне да се олади, за жал тоа не е најдобрата опција.

Кучињата не се потат како луѓето, а нивното крзно не е баш дизајнирано за лето. Сепак, постојат начини да им помогнете да се оладат за време на високи температури.

Како што пренесува Мирор, еден сопственик на Лабрадор споделил совети како да се грижи за домашните миленици во текот на летото. Тој истакнува дека никогаш не треба да го прскате вашето куче со ладна вода за да се разлади.

 

Имено, тоа би предизвикало затворање на капиларите под нивната кожа и би настанал спротивен ефект, односно кучето уште повеќе би ја задржувало топлината.

 

 

Наместо тоа, разладувањето во базенот е поефикасно бидејќи кучињата ја регулираат својата температура со шепите и устата. Исто така, на сопствениците на кучиња им се советува да ги шетаат своите кучиња пред 7 часот и по 22 часот, бидејќи тогаш температурите се пониски.

Ако вашето куче останува во куќата, можете да користите и клима, но ако повремено останува во дворот, подобро е да избегнувате да ја вклучувате климата додека е во близина бидејќи не треба да чувствува голема разлика во температурата.

Конечно, важно е милениците секогаш да имаат доволно свежа вода за пиење и место под сенка во текот на летото, а на сопствениците им се препорачува секојдневно да ги четкаат за да го отстранат вишокот влакна.

The post Прскањето со вода на милениците во текот на летото не е најдобра опција за нив appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK