октомври 23, 2024

Младиот пливач Никола Ѓуретановиќ (16), е првиот македонски спортист кој настапи на Олимписките игри во Париз, и пливаше во првата група со само петмина пливачи.

Ѓуретановиќ стигна на целта со резултат 4:05.38, и трката ја заврши со заостанување од 3,79 секунди зад победникот Илијас Ел Фалаки од Мароко.
Пред самата трка имав малку трема, моите години го направија своето, бев многу возбуден. Но, сепак ова е едно големо искуство за мене, секако дека ќе се прикажам во најдобро светло на следните големи натпреварувања, изјави денес младиот пливач за сајтот на МОК.

Тој ги заврши квалификациите на 400 метри слободно под својот рекорд и заврши последен во својата група. Трката од 400 метри слободно ја исплива со резултат 4:05.38, што е под неговиот рекорд, а тоа е 4:02.61 мин.

За македонските олимпијци, следниот настап е веќе утре (недела). Анастасија Мојсовска во стрелаштво ќе настапи во дисциплината воздушна пушка од 10 метри.

Вики Клинчарова

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK