октомври 23, 2024

Гимнастичарите на Јапонија го освоија златото во екипна конкуренција, во повеќебој на Олимписките игри во Париз.

Јапонците буквално им го грабнаа златото на Кинезите кои водеа до последната ротација. Но последната ротација на Кина беше катастрофална и Јапонците го освоија најсјаното одличје. Кина на крајот го освои среброто, а бронзата им припадна на Соединетите Американски Држави.

Најзаслужен за најбрилијантниот настап на Јапонија беше Даики Хашимото, додека трагичар кај Кинезите беше Су Веиде.

На крајот, Јапонија имаше вкупно 259.594 поени, Кина 259.062, а Америка 257.793.

Велика Британија заврши на четвртото место, Украина беше петта, Италија шеста, Швајцарија седма, а Канада осма.

The post Јапонија им го „украде“ златото на Кинезите во екипна конкуренција appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK