октомври 23, 2024

Бранителите на олимпиското злато, хрватските тенисери Мате Павиќ и Никола Мектиќ шокантно беа елиминирани во второто коло на олимпискиот турнир. Со 2:1 во сетови, со резултат 6:3, 6:7, 10:5 беа поразени од германската двојка Јан Ленард Штруф и Доминик Кефпер.

За хрватската јавност елиминацијата не е преголема сензација бидејќи Павиќ и Мектиќ од лани ја прекинаа соработката, наводно и не зборуваат меѓу себе.

Во првиот сет видовме три брзински брејкови. Хрватските тенисери го загубија сервисот во вториот гем, потоа успеаја да ги брејкнат Германците, за веднаш потоа повторно да го загубат сервисот. До крајот на првиот сет немаше изненадувања и германските тенисери го добија со 6:3.

Вториот сет изгледаше како Мектиќ и Павиќ да го добијат без проблем. Во вториот гем водеа со 0:2 благодарение на брејк, стигнаа до 2:5, а потоа почнаа проблемите. Германците направија брејк во клучниот 9. сет и стигнаа до 5:5. Сепак, Павиќ и Мектиќ се извлекоа во тај-брејкот, во кој беа доминантни.

Но, во третиот сет, кој се игра како супер тај-брејк до 10, на хрватските тенисери не им остана повеќе сила. Германците одиграа брилијантно и дури пет пати го одзедоа сервисот на Мектиќ и Павиќ за убедливи 10:5 во последниот сет. Хрватското дуо нема да може да го одбрани медалот што го освоија во Токио пред три години.

The post Мектиќ и Павиќ елиминирани од олимпискиот турнир appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK