октомври 23, 2024

Бугарскиот олимписки шампион во кревање тегови Галабин Боевски е осуден на 6 години и 6 месеци затвор во Португалија поради учество во обид за транспорт на 1.000 килограми кокаин, пишува „Бугарија Днес“ откривајќи дека надежниот бугарски олимпиец во моментов е во затвор.

Порталот кој дошол до пресудата открива дека во судскиот процес кој завршил во април 2022 година, на затворски казни од 5 и пол години за тонот кокаин се осудени и Македонецот Иван Ќосев и Црногорецот Младен Килибарда. Најголема казна доби капетанот на бродот Кристофер Добсон кој ќе лежи осум години.

Златниот медалист на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година Боевски, бил фатен преку таен агент со кој се договорил по морски пат да пренесе 50 бали кокаин вредни 50 милиони долари.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK