Официјалниот YouTube канал на Nintendo направи необичен потег.
Овде обично не се промовираат хорор игри, но се чини дека стратегијата сега е малку променета.
Имено, тие објавија видео од 15 секунди, благодарение на кое успеаја малку да ја „наежат“ својата публика.
Клипот се вика „Emio“ (јапонски значи „насмеан човек“), а ни прикажува маж облечен во костум со чанта на главата.
На чантата се нацртани очи и насмевка, а тука е само хаштагот #whoisemio и толку.
Останува да видиме што најавува овој мистериозен трејлер (ако можеме така да го наречеме) или дали Nintendo конечно одлучи да вклучи повеќе хорор игри во своето портфолио.
The post (ВИДЕО) Морничаво: Ги наежија фановите, на ова не се навикнати appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде