октомври 30, 2024

Општините, Град Скопје и министерството мора да функционираат како едно за да немаме урбанистички хаос, вели во интервјуто за Радио Слободна Европа градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски, коментирајќи ги измените на законот за урбанизам.

Целта на овие измени, според Герасимовски, би требало да биде побрзо донесување на ДУП-овите и нивно инфраструктурно подобрување, но потенцира дека одлуката е избрзана бидејќи за ова е потребна широка дебата во која ќе учествуваат стручни лица од општините, невладините и експертската јавност. На критиките дека ДУП-овите се заглавени по општините, Герасимовски посочи дека тоа е токму поради лошата релација на трите инстанци, Град, општини, министерство.

,,Ние последнава година до две донесовме ДУП-ови кои биле во процедура скоро десетина години. Законскиот рок е 18 месеци, тој може да се пролонгира и уште 6 месеци. Но, носење на ДУП-ови после седум осум или десет години е страшно за развојот на општината.

Поради тоа кочење на носење на ДУП-овите, настанува урбан хаос, на важност се старите ДУП-ови се додека не се донесат нови. Затоа велам дека со мораториум не е целта да се стопира градба, туку да се стопира додека не се донесат подобри ДУП-ови. Но, џабе ако се донесе мораториум а трите институции не се како една, односно не функционираат како една, за сето тоа да се стави на брза лента и да се забрза целиот процес за да самото носење на ДУП-ови трае една година, или година ипол”, истакна Герасимовски.

Градоначалникот на Центар предупредува дека политиката не смее да се става пред интересот на граѓаните. Коментирајќи ја изјавата на министерот Николоски дека треба да се забрани градење во Општина Центар и општина Карпош, Герасимовски појаснува дека не е точно дека најмногу се гради во овие две општини,

,,Да, можеби би требало да се воведе одреден мораториум , за подобрување на самите ДУП-ови но, мораториум кој би го опфатил целиот скопски регион. Оние анализи што ги направивме покажуваат дека Општина Центар не е прва по издадени одобренија за градба, туку е четврта. Има општини кои што имаат многу повеќе одобренија за градба од нас”, вели Герасимовски за РСЕ.
Градоначалникот очекува министерот Николоски, во интерес и за добро на граѓаните да го стави потписот врз ДУП-овите „Кале” и Француски гробишта” што се во завршна фаза.

,,Ова се ДУП-ови што поминале низ филтер Општина- Град и чекаме од транспорт да се вратат во Совет. Ќе видиме дали истите ќе бидат стопирани или ќе бидат процесирани, порача Герасимовски.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK