YouTube тестира уште една нова опција, и тоа онаа која може да биде исклучително корисна.
Станува збор за Sleep Timer, односно можноста да поставите снимката да се паузира по одредено време, во опсег од 10 до 60 минути или кога снимката ќе заврши.
Оваа функција моментално е достапна за корисниците на Premium како експеримент, а ако сте еден од нив, можете да ја испробате следејќи ја оваа патека: за десктоп верзијата, одете овде, а за мобилната апликација, одете во Settings -> Try experimental new features.
Кога YouTube го паузира видеото кое е во тек, ќе се појави прозорец кој ќе ве праша дали сакате да го продолжите тајмерот или не.
Корисниците на YouTube долго време ја чекаа оваа функција, што е невообичаено бидејќи Spotify и некои други стриминг сервиси веќе ја имаат, а и TikTok тестира слична работа.
Платформата за стриминг вели дека оваа експериментална функција ќе биде достапна до 2 септември, но се надеваме дека ќе остане и после тоа, а и оние кои немаат YouTube Premium ќе можат да ја користат.
The post Конечно! Функцијата што сите ја чекавме доаѓа на YouTube appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде