мај 9, 2026

Во текот на вчерашниот ден (29.08.2024) од страна на Одделението за сообраќајно и ескортно обезбедување во соработка со Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје во периодот од 19.00 до 00.00 часот, во рамките на планот за зголемено присуство на полицијата и зголемување на безбедноста во градот Скопје, беше реализирана зајакната акциска контрола за санкционирање на прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли.

Во акцијата беа контролирани повеќе од 90 мотоцикли и мотори, а санкционирани се 60 возачи. Од нив, 28 возачи не користеле заштитна кацига за време на возење, 10 возачи возеле без возачка дозвола, 12 возачи имале несоодветна категорија, пет мотоцикли не биле регистрирани, едно патничко возило било задржано поради сомнение за техничка неисправност и предизвикување голема бучава…

Акциските контроли во рамките на оперативната акција ќе продолжат и во идниот период со засилен интензитет. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и со тоа да придонесеме за побезбедни патишта.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK