Во битолското село Кременица синоќа околу 19:20 часот, полициски службеници од Полициското одделение Велушина при СВР Битола го лишиле од слобода И.Т. (27) од истото село. Според информациите од МВР, И.Т. бил затекнат како пали оган во близина на фабрика за вода, при што настанал пожар на сува трева.
Пожарот бил брзо изгаснат од страна на екипа на Територијалната противпожарна единица Битола. Претходно, при преглед кај И.Т. била пронајдена запалка, со која ја предизвикал пожарот.
И.Т. е приведен во полициска станица и, по целосно документирање на настанот, ќе биде поднесена кривична пријава против него, соопштија од МВР.
Следете не, не има насекаде