септември 20, 2024

Антонио Перез Гарибај, таткото на Серхио Перез, возачот на Формула 1 тимот на Ред Бул, итно бил префрлен во болница во Мексико Сити, неколку минути откако неговиот син се судри со Карлос Саинц во претпоследниот круг од Големата награда на Азербејџан во Баку.

Медиумите објавија дека Перес сениор бил во прединфарктна состојба, бидејќи неговите роднини го нашле без свест во бањата. Таткото Антонио очигледно малку се возбудил кога се судрија Чеко и Карлос Саинц, по што отишол во тоалетот да се освежи.

Перез постариот итно бил префрлен во болница, каде останал под медицински надзор на одделот за интензивна нега, а неговата состојба е опишана како „стабилна“ еден ден подоцна.

„Ви благодарам на сите за љубовта, поддршката и солидарноста во овие моменти“, напиша на својот Инстаграм профил Антонио Есмералдо Мендоза, агентот на Серхио Перез.

Возачите на Ред Бул и Ферари се судрија на самиот крај на неделната Формула 1 трка во Баку, кога се бореа за третото место. За среќа и двајцата од овој инцидент излеглегоа неповредени.

The post Таткото на Перез заврши во болница по инцидентот во Баку appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK