септември 20, 2024

Новак Ѓоковиќ се присети на 2022 година и на се она што му се случуваше во Мелбурн, пред почетокот на Австралија опен.

Ѓоковиќ и покрај тоа што имаше дозвола од властите, беше уапсен, сместен во центар за мигранти, а потоа и депортиран од Австралија.

„Цело време ме снима, каде патував, се што правев. Читам книга, гледам филм, одам во тоалет, тие ме снимаат. Моето семејство беше во Шпанија, јас требаше да одам во Шпанија, меѓутоа ми рекоа да одам во Србија. Ми кажаа дека Шпанците ми подготвуваат непријатно изненадување. Значи морам да одам во Србија, каде се надевам дека ќе бидам безбеден. И бев, фала му на Бога. Навистина сите беа пријателски расположени и ми дадоа поддршка. Во Дубаи, четири часа чекав друг лет, разговарав со директорот на аеродромот и тој ми вели да не се секирам, дека сите се со мене. А во исто време на Би-би-си и Си-ен-ен буквално на секои 20 минути јас сум главна вест. Бев главен разбојник во тој момент. “ изјави Новак Ѓоковиќ.

The post Ѓоковиќ: Бев главниот разбојник appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK