септември 24, 2024

УЕФА ја призна грешката на судиите во четвртфиналниот натпревар на последното Европско првенство, кога на Германија не и беше досуден пенал на дуелот против Шпанија.

Судискиот комитет на УЕФА одлучи дека требаше да биде досуден пенал за Германија во второто продолжение од мечот кога резултатот беше 1:1.

Откако дефанзивецот на Шпанија Кукреља, по ударот на Мусиала, играше со рака во неговиот шеснаесетник, главниот судија на натпреварот, Ентони Тејлор, како и судиите од ВАР собата не се огласија.

По неколку минути Мерино постигна гол со кој Шпанија обезбеди пласман во полуфиналето.

На овогодинешното Европско првенство во Германија, Шпанија во финалето ја совлада Англија.

The post (Видео) Три месеци подоцна УЕФА призна: Имаше пенал за Германија против Шпанија appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK