септември 24, 2024

Рони О’Саливен, еден од најдобрите и секако најпопуларниот снукер играч во историјата, се повлече од Отвореното првенство на Британија само неколку часа пред да го одигра првиот меч.

Англичанецот реши да го прескокне натпреварувањето во Челтенхем, иако веќе беше закажан меч од првото коло против Манасавин Петмалаикулан од Тајланд.

Рони напиша дека се повлекол „поради здравствени проблеми“, но не дефинираше за што точно се работи.

На негово место во главната ждрепка влезе аматерот Луис Ула, а публиката која веќе купи карти за да го гледа Рони секако беше разочарана.

О’Саливен се очекува да игра на Вухан Опен во Кина од 6 октомври.

The post Рони О’Саливен се повлече од Бритиш опен appeared first on info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK