септември 24, 2024

Бројот на невработени кои активно бараат работа за прв пат во историјата на државата се спушти под 100.000 се вели во анализата на Порталб.мк.

Во јули на ниво на државата биле регистрирани 98.976 активни баратели на работа што претставува намалување за 6.827 лица во однос на првиот месец од годинава и за 6.972 помалку во однос на истиот месец лани.

Најголем број на невработени лица кои активно бараат работа се од Скопје, па следуваат Тетово и Куманово. Најголем број на активните баратели на работа се Македонци – 39.416 што преставува 39,8 % од вкупниот број на невработени, потоа следуваат 39.060 етнички Албанци со удел од 39,4%, а 10,5% од невработените или 10.451 се Роми, а на четврто место се етничките Турци со 7.006 невработени или 7,1%.

Во активните баратели на работа највеќе доминираат невработените без образование или само со основно образование – дури 60.307 лица. Од друга страна пак, во Агенцијата за вработување пријавени се 16 невработени доктори на науки и уште 530 магистри.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Generated by Feedzy
mk_MK
mk_MK