декември 23, 2024

Направени се епидемиолошки анкети на сите 16 лица кои се доставени од список на ЗОО, соопшти ИЈЗ.

„На ден 21.10 согласно протоколите, направено е тестирање за птичји грип во Одделение за вирусологија во ИЈЗ референтна лабараторија, која е меѓународно акредитирана за дијагностика на инфлуенца грип од хумано и анимално потекло, на лице кое во епидемиолошката анкета има наведено дека 1 ден имало симптоми на покачена телесна температура.
Воедно е тестирано на ист начин и второ лице вработено во ЗОО кое не е на доставениот список од 16 луѓе вработени во ЗОО, но на ден 21.10 се пријавило во ИЈЗ со тековни симптоми“, стои во соопштението од ИЈЗ.

ИЈЗ извести дека по добиените резултати од спроведените тестирања, двете лица се негативни за птичји грип.

The post Готови резултатите од тестирањата на двајца вработени во Зоолошка – познато дали има заразени со птичји грип appeared first on 24info.mk.

Следете не, не има насекаде

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

mk_MK
mk_MK