Кошаркарот на Минесота, Ентони Едвардс за EСПН зборуваше за минатата сезона, која за него и МИнесота беше извонредна, но и за неговите планови за во иднина.
Едвардс одигра многу добро во изминатата година, толку многу што американските медиуми го споредуваа со легендарниот Мајкл Џордан.
Ентони сака да освои прстен во НБА, а потоа да се префрли на друг спорт.
Иако звучи нереално, кошаркарот на Минесота, откри дека кога доколу освои НБА титула, ќе ја заврши кошаркарската кариера и ќе започне фудбалска.
„Можев да бидам професионалец и во американскиот фудбал. Бев многу добар, на девет-10 години бев најдобриот ранинг бек во државата. Престанав да играм фудбал затоа што ги видов моите браќа како играат кошарка и ми изгледаше позабавно во тоа време“, изјави Едвардс.
The post „Ако освојам НБА титула, ќе се префрлам на американски фудбал“ appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде