Светскиот, европскиот и олимпискиот шампион со француската ракометна репрезентација Тимоти Енгесан (32) реши да стави кра на кариерата во националниот тим, соопшти Француската ракометна федерација.
Енгесан за прв пат играше за репрезентацијата на 7 јануари 2013 година против Аргентина.
Одигра 114 натпревари и постигна 255 голови.
Десниот бек кој со Франција стана европси шампион во 2024 година, олимписки во во 2021 година и светски во 2017 година, реши да и се постеви на клупската кариера. Енгесан е играч на Барселона, со Каталонците има договор до 2027 година.
„Беше одлично да се игра за францускиот тим. Имав можност да живеам сонот и да ги освојам сите титули. Искрено, беше величествено и тоа што го доживеав е неописливо”, изјави Енгесан.
The post Енгесан ја заврши репрезентативната кариера appeared first on info.mk.
Следете не, не има насекаде